| |

Бугарија се претставува на Венециското биенале со „Федерација на минорните практики“

Проектот „Федерација на минорните практики“, кој обединува четири филма на уметниците Венета Андрова, Гери Георгиева, Марија Налбантова и Рајна Тенева, ја претставува Бугарија на 61. Венециско биенале на уметноста. Поставката во бугарскиот павилјон може да се погледне до 22 ноември 2026 година, кога завршува манифестацијата, јавува БНР.

Кураторка на павилјонот е Мартина Јорданова, а комесарка на бугарското учество е Десислава Димова. Творечкиот тим е целосно составен од жени.

Четирите филма имаат различни концепции и обработуваат теми поврзани со женственоста, дезинформациите, општественото однесување и науката. Венета Андрова учествува со тридимензионален анимиран филм.

Ниту една од четирите уметници во моментов не живее во Бугарија. Нивното учество на Биеналето е можност бугарската публика да се запознае со нивното творештво и со темите што ги истражуваат.

Слични Објави