| |

КОСОВО СО ПЛАН Б ЗА СОЗДАВАЊЕ СОПСТВЕНА АРМИЈА

Наместо промени во Уставот, за коишто ќе бидат потребни и гласовите на српските пратеници, владата во Приштина планира измени во законодавството за отстранување на некои ограничувања за капацитетот, мандатот и мисијата на Косовските безбедносни сили (КБС).  Новиот план предвидува 10-годишен период во кој ќе се одвива транзицијата кон изградба на новата косовска армија. Правниот пакет поврзан со организационата структура на КБС веќе е испратен до Кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај и треба да биде претставен пред владата, а потоа да биде испратен во парламентот на гласање. Документот не предвидува итна трансформација, каков што беше планот на Приштина пред четири години.  Пред неколку дена, Харадинај, по состанокот со амбасадорите, рече дека Косово не може бескрајно да ја чека трансформацијата на КБС во армија.

Слични Објави