САД ПРОТИВ ИДЕЈАТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ КОВИД ПАСОШИ

//

САД ја отфрли идејата за воведување задолжителни ковид пасоши како доказ за вакцинирање, велејќи дека приватноста и правата на граѓаните треба да бидат заштитени, пренесува Скопско ехо.

-Нема да има федерална база на вакцинираните во САД, ниту пак од некого ќе се бара да поседува федерален доказ за вакцинираност. Владата никогаш нема да поддржи систем кој бара од Американците да носат акредитиви. Приватноста и правата на американските граѓани мора да бидат заштитени, а таков систем ги прави нерамноправни, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.



Воведувањето на вакви сертификати се разгледува низ цел свет како начин за безбедно патување во време на пандемија.

Претходна статија

УНГАРИЈА ПОЧНА ДА ГИ ОЛАБАВУВА РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ

Следна статија

РАБОТНИЦИТЕ ДА НЕ ПОТПИШУВААТ НИКАКОВ БЛАНКО ДОКУМЕНТ ЗА ОТКАЗ

Најново од Вести