ВОЗАЧ СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ВЕЛОСИПЕДИСТ И ИЗБЕГАЛ

/

Триесет и шестгодишен велосипедист со тешки повреди бил пренесен во болница откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, вчера околу 16 часот било пријавено дека на крстосница од ул. Николај Островски и ул. Моцартова  во Скопје автомобил удрил во велосипедист Р.З.(36) од Скопје, а потоа возачот избегал.

Велосипедистот бил пренесен во болница, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.



Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ЕМА СО ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОВРЗАНОСТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ СО ТРОМБОЗИТЕ

Следна статија

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЛ: ВО С.МАКЕДОНИЈА ЗАГРИЖУВА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НА ЖЕНИТЕ, РОМИТЕ И ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА

Најново од Вести