| |

СПАСОВСКИ: ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ВО АКЦИЈАТА „ДВОЈНИК“ БИЛ ВО ТЕСНА ВРСКА СО МИЦКОСКИ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за Утрински брифинг објаснувајќи за, како што рече, деконспрацијата на акцијата Двојник изјави дека едно од вчера уапсените лица од одделението за издавање патни исправи бил во тесна врска со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дека документите што опозицијата им ги доставила на одредени медиуми ги добил од тоа лице.

Спасовски вели уште дека за таков лажен пасош се движеле до 20 илјади евра и дека мегу уапсените има и лице кое им било шеф а по надворешното лице преку кое оделе нарачките полицијата се уште трага.



Слични Објави