ГРЦИЈА ОСТАНУВА ЗАТВОРЕНА ДО 7 ЈАНУАРИ СЛЕДНАТА ГОДИНА

Грчката влада објави дека продолжува со строгите ограничувачки мерки, вклучително и затворање на училиштата, до 7 јануари.

loading...

.„Враќањето во нормала мора да биде постепено и сигурно“, рече рече владиниот портпарол Стелиос Пецас на прес-конференција.

Тој истакна дека училиштата, терените, рестораните, спортските сали и ски-центрите остануваат затворени до 7-ми јануари.

„Забраната за движење надвор од општината на живеење исто така ќе биде продолжена и патниците кои влегуваат во земјата мора да бидат предмет на десетдневен карантин“, додаде Пецас.


loading...

Премиерот Киријакос Мицотакис објави дека за време на Божиќните празници ќе можат да се сретнат најмногу девет лица.

„Ако сè оди добро, вакцинацијата на населението ќе започне на почетокот на јануари“, заклучи Мицотакис.