| |

БУГАРИТЕ, ХРВАТИТЕ, ЕРМЕНЦИТЕ, ГРЦИТЕ РУСИТЕ И ДРУГИТЕ ПОМАЛИ ЗАЕДНИЦИ НА ПАТ ДА ДОБИЈАТ СВОИ ПРАЗНИЦИ

Група пратеници предложиле измена и дополнување на Законот за празниците на Република Македонија според кои ќе се воведат десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“, јавува Плусинфо. Свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Еѓипќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.

Во предлогот за измени и дополнувања стои дека неработни денови треба да бидат:

– 8 февруари, ден на словенската култура, за припадниците на словенечката заедница.

– 15 март, национален ден Унгарците, за припадниците на унгарската заедница.

– 3 мај, национален ден на Пољаците, за припадниците на полската заедница.

–  24 јуни, меѓународен ден на Балканските Египќани, за припадниците на египќанската заедница.

– 25 јуни, национален ден на Хрватите, за припадниците на хрватската заедница.

– 13 јули, национален ден на Црна Гора, за припадниците на црногорската заедница.

– 21 септември, национален ден на Ерменците, за припадниците на ерменската заедница.

– 22 септември, ден на независноста на Бугарија, за припадниците на бугарската заедница.

– 28 октомври, ден на независноста на Грција, за припадниците на грчката заедница.

– 4 ноември, национален ден на Русите, за припадниците на руската заедница.

Според информацијата објавена од Плусинфо предлогот за измени на Законот за празниците веќе е доставен до Собранието, а на него се потпишани пратеници од сите пратенички групи.

Слични Објави