Застарува затворската казна за Груевски за набавката за „мерцедесот“
Експремиерот, Никола Груевски, се спаси од затворската казна за случајот „Тенк“, бидејќи на 4 октомври поминуваат шест години од правосилната пресуда за Груевски во предметот за набавката на владиниот „мерцедес“.
За истиот предмет поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ја одлежа законската казна од 4 години, а поранешниот заменик министер Ѓоко Поповски одлежа 4, 6 години во затвор, потсетува „Радио Слободна Европа“.
Со измените на Кривичниот законик лани, се намалија казните за кривичните дела како што се злоупотребата на службената положба и овластувања и злосторничко здружување, што доведе до застарување и ослободување на повеќе поранешни функционери и нивни блиски соработници.
Претходно, на Груевски му застареа предметите ТНТ- за уривањето на комплексот „Космос“ и „Траекторија“.
Груевски веќе шест години живее во Унгарија, кадешто доби политички азил.