Османи: Протоколот е билатералниот дел со Бугарија, од пакетот на францускиот предлог

//

Пакетот има европска компонента и билатерална компонента. Билатералната компонента е протоколот, тој веќе не е во европскиот пакет, туку е билатерален со Бугарија, но е дел од овој процес за да Бугарија даде согласност за пакетот. Ова го изјави министерот за надворешни работи на РС Македонија Бујар Османи на денешната прес-конференција по средбата на владејачката коалиција, која го разгледа францускиот предлог за евроинтеграцијата на РС Македонија.

„Протоколот е усогласен меѓу министерствата за надворешни работи, но треба да го одобри Владата, а Владата ќе го разгледа во рамки на целиот пакет. Доколку Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш јас можам веднаш да организирам средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот“, изјави Османи.

Тој додаде дека тоа би се случило во истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот француски предлог.



Претходна статија

Ковачевски: Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонски јазик како и протоколот да не биде во преговарачката рамка

Следна статија

Туѓа влада

Најново од Вести