Бугарската потпретседателка Илијана Јотова заминува за Албанија- таа ќе се сретне со претставници на бугарското малцинство таму и со албанскиот државен врв
Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова од денеска до 16 септември ќе престојува во посета на Република Албанија, јавува БГНЕС.
Посетата на потпретседателката е во пресрет на националниот попис на населението во Албанија, што е важен момент за бугарското национално малцинство во таа земја.
Потпретседателката беше првиот бугарски државник кој ја посети бугарската заедница во Албанија веднаш по нејзиното официјално признавање во 2017 година. За време на посетата на Тирана на албански ќе биде претставена книгата на доц. д-р Спас Ташев „Бугарите во Албанија“.
Илијана Јотова во селото Големо Острени ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство од регионот Голо Бардо. Потпретседателката ќе ја открие новата учебна година во бугарското неделно училиште во градот Елбасан.
Во Тирана се планирани средби со претседателот Бајрам Бегаj, со вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, со претседателката на Собранието Линдита Никола, со министерот за внатрешни работи Таулант Бала. Потпретседателката ќе разговара со ректорот на Универзитетот во Тирана, проф. Артан Хоџа. На универзитетот се изучува бугарски јазик. Во делегацијата, предводена од потпретседателот, ќе бидат дел и професори од бугарските универзитети и од Бугарската академија на науките.
