| |

Одбележуваме 103 години од смртта на раководителот на Солунскиот округ на ВМОРО Христо (Ичко) Димитров Ѓупчев

На 14 септември 1920 г. се самоубива после херојска битка со србските окупатори крај с. Удово Пајачкиот лав – ХРИСТО (ИЧКО) ДИМИТРОВ ЃУПЧЕВ, раководител на Солунскиот округ на ВМОРО. Тој е роден 1880 година во земјоделско семејство во гуменџиското село Баровица. Завршува трет прогимназијален клас во Гуменџе, станува член на ВМОРО во 1896 г. како легален деец, а после комита кај Апостол Петков, а од 1902 г. е помошник војвода на Иванчо Карасулијата. Bo битка од 21 март 1905 г. e ранет, кај село Лесково, битка во којашто загинува војводата. И. Димитров оди на лечење во Бугарија и по тоа станува самостоен војвода во околината на Гуменџе од 1907 г. На 15 април истата година води битка со турски аскер на Пајак планина, при која е ранет во раката и во лицето, по што повторно оди за Бугарија на лечење. По Младотурската револуција од јули 1908 г. се легализира и во 1909 г. учествува во походот кон Цариград, по што управува со хотелот „Балкан” во Солун. По почетокот на разоружувачката акција на младотурците од 1910 г. е принуден да бега во Бугарија, каде што заедно со војводите Христо Чернопеев, Апостол Петков и Въндо Ѓошев повторно влегува во Македонија. Ичко Димитров со мала чета дејствува во Гевгелиско, а Апостол Петков е определен за централен војвода, но по неговото убиство на 2 август 1911 г. И. Димитров го презема раководството на Солунскиот револуционерен округ.

“Во Гуменџе лека-полека се населуваат по 2-3 војници по селата, кои божем се грижеле за собирање храна за потребите на армијата. Бугарите виделе дека Грците лека-полека сакат да се населат во градот и селата и изпраќат една депутација во Кукуш, за да го моли тамошниот Бугарски командант да изпрати Бугарска војска и да се назначи околиски началник, додека Грците не изпратиле таков. И навистина во градот пристигна Бугарска војска, која беше пречекана од целото граѓанство многу свечено начело со месното духовенство. После пристигна и околискиот началник. На таков начин во градот се установија две власти со две нови управи: Бугарско и Грчко, помеѓу кои се родија взаемни непријатности, та положбата од ден на ден се усложнуваше. За целото време на окупацијата Ичко Димитров ја обиколуваше околијата и селата и на крајот им заповеда на своите четници и милиционерите да ги изгоната неканетите грчки војници. Тие си заминале без спротивставување, но скоро после тоа во околијата пристигнала многубројна грчка војска, која, после замнинувањето на бугарската за источна Тракија и нејзиното сменување со ополченици, почнале да се држат непријателски спрема четниците и ополчениците. Но додека четниците и милиционерите беа по своите места, Грците не ја пројавуваа својата омраза против Бугарите и не смееја да преземат нешто такво, од кое можеше да се види, дека тие се господари на ситуацијата: Бојмијата со централниот град Гуменџе пред сите се представуваше како област со Бугарска управа. Кон средната на февруари 1913 г. Ичко Димитров, неговите четници и целата вооружена селска милиција беа повикани да заминат за Дојран и да се запишат во редовите на Македоно-одринското ополчение. Заминаа 400 души кои беа погодни да носат оружје. Заминаа и редовните Бугарски војски, кои беа сменети со ополченици. Напразни беа молбите на попредвидливите граѓании околискиот началник С. Војводов милицијата и четниците да останат по своите места. Наредбата одгоре беше категорична. После заминувањето на милицијата положбата сосема се измени. Бугарските ополченици се најдоа во положба на заложници, а останатите 12 души милиционери, како стража на околиската управа, останаа исто така заложници, додека на 3. март преку околискиот началник, Грците побараа да им се предадат. Околискиот началник, меѓутоа, нареди сите милиционери да заминат незабележано преку Гевгели за Кукуш. Пред објавувањето на меѓусојузничката војна Грците ги изгонија на еден многу брутален начин, како околискиот началник, така исто и војниците од дополнувачката дружина. Истото поведение го држеа и Србите во Гевгели.“

ИЧКО ДИМИТРОВ – ЃУПЧЕВ; ОД РЕВОЛУЦИОНЕРНИТЕ БОРБИ ВО ПАЈАК ПЛАНИНА, Христо Шалдев од Ѓуменџе

Слични Објави