|

Над 1 200 тела се пронајдени во регионот Киев, тврди украинската главна обвинителка

Стотици убиени цивили се пронајдени во Буча и други делови од регионот на Киев, откако руската армија се повлече од тие области.

Украинската јавна обвинителка, Ирина Венедиктова, денеска изјави дека досега се пронајдени над 1 200 тела во регионот околу главниот град.

Таа не прецизираше дали бројката се однесува само на цивили или дали вклучува и убиени украински борци.

Говорејќи за британскиот „Скај њуз“, Венедиктова рече дека до сега утвриле 5 600 случи на воени злосторства сторени од руската армија во Украина.

„Отворивме 5 600 случаи само на воени злосторства во Украина. Имаме главен случај со 500 осомничени. Тоа е случај на агресија. Агресија, криминал, агресија од Руската Федерација против Украина. А тие 500 осомничени се од врвот на армијата, во врвот на политиката, топ пропагандни агенти на Руската Федерација, кои направија се, кои ја започнаа и ја продолжуваат оваа војна во Украина“, рече главната обвинителка на Украина.

Слични Објави