|

Зеленски од Шолц побарал нови санкции за Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека разговарал по телефон со германскиот канцелар Олаф Шолц за можните нови санкции кон Русија, како и за одбраната и финансиската поддршка за Украина.

„Имавме телефонски разговор со @OlafScholz. Нагласивме дека сите сторители на воени злосторства мора да бидат идентификувани и казнети“, напиша Зеленски на неговиот официјален профил на Твитер.

„Разговаравме и за антируските санкции, одбраната и финансиската поддршка за Украина“, објави тој.



Слични Објави