| |

130 години од смртта на баба Тонка: Изгубив четири сина, да имам уште четири, пак ќе ги натерам да го веат бугарското знаме со златниот лав

На денешен ден одбележуваме 130 години од смртта на Тонка Тихова Обретенова, бугарска хероина, позната во бугарската историја како баба Тонка.

Баба Тонка е родена во 1812 година, најверојатно во Русе. Нејзините родители Тончо Поставчијата и Минка Тончева се од селото Червен. Се мажи за Тихо Обретенов, познат занаетчија и трговец во Русе. Таа дава сериозна организациска, морална и финансиска помош на Револуционерниот комитет во Русе, кој бил основан од нејзиниот син Никола Обретенов, во нејзината куќа.

Нејзините синови, Ангел, Петар, Никола и Георги, учествувале во револуционерното движење за ослободување на Бугарија. Нејзината помала ќерка Анастасија (Сија) му била сопруга на големиот револуционер, писател и публицист Захари Стојанов.

„Изгубив четири сина. Двајца не се живи, а другите се полуживи. Но, да имам уште четири, пак ќе ги натерам да го веат бугарското знаме со златниот лав“, вели баба Тонка.

Нејзиното име го носи село во општина Попово во Бугарија.

Средното математичко училиште во градот Русе го носи нејзиното име.

Името на бугарската револуционерка го носи и залив на антарктичкиот остров Ливингстон. Баба Тонка е прототип на ликот од делото на Иван Вазов „Немили-Недраги“ – баба Тонка.

Баба Тонка умира на 27 март 1893 г, во Русе.

Внуката на баба Тонка, Тонка Обретенова-Просеничкова, ќерка на Никола Обретенов во 1944 г е стрелана од комунистите заедно со нејзиниот сопруг Нико Просеничков.

Слични Објави