|

До петок болницата „8 Септември“ ќе добие нов директор, Танер Хасан можен директор на Клиниката за ендокринологија

Министерот за здравство Арбен Таравари се уште не открива кој ќе биде назначен за директор на Градската општа болница „8 Септември“. Одговарајќи на новинарско прашање тој денес најави дека до крајот на неделава ќе го направи изборот.

„Немаме дефинитивно решение кој ќе биде нов директор на ‘8 Септември’, до петок ќе кажеме“, рече министерот Таравари.

Тој потврди дека ендокринологот Танер Хасан е можно да стане директор, но не на „8 Септември“ каде што работи сега туку на Клиниката за ендокринологија, но и тоа решение се уште не е дефинитивно.

Медицинските директори кои досега се покажале како професионалци Таравари рече дека може да ги задржи, но ревизии ќе се направат во сите клиники и во сите болници.

Актуелниот директор на „8 Септември“, Христијан Костов, беше назначен во 2017 година.

Слични Објави