| |

Петрова: Работиме на тоа медицински тим од Софија во следните неколку дена да отпатува во Република Северна Македонија за да ја прегледа Ива Михаилова

Работиме на тоа медицински тим од софиска болница во следните неколку дена да отпатува во Република Северна Македонија за да ја прегледа Ива Михаилова, ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова во интервју за Бугарската национална телевизија.

Петрова изјави дека, по дипломатски пат е добиена потврда од македонска страна дека бугарски лекари ќе можат да ја прегледаат Михаилова во Кочани или во Скопје.

„Ова е многу болна тема за мене, бидејќи на крајот, што и да зборуваме, ова е млада девојка која треба да добие здравствена грижа. Позитивната вест, како што кажав и пред неколку дена, беше дека, да, по дипломатски пат добивме потврда од македонска страна за подготвеноста наши лекари да ја прегледаат Ива Михаилова во Кочани или некаде во Скопје“, изјави Петрова.

Таа рече дека се прави сè што е можно медицинскиот тим да замине што поскоро, но нагласи дека самиот преглед нема да го реши прашањето.

„Се надевам дека тоа ќе се случи и правиме сè што е можно медицинскиот тим да замине што е можно поскоро. Но, тоа не го решава прашањето. Тоа ќе им даде можност на наши лекари објективно да ја проценат ситуацијата на самото место. Но, мислам дека и досега лекарските мислења многу јасно покажуваа дека таа треба да биде лекувана, и тоа наскоро. Така што се надевам и работиме во насока таа навистина да може да добие лекарска помош, и тоа наскоро“, изјави Петрова.

Слични Објави