| |

Италијанска единица за насочување на воздушни напади од земја одржа обука со бугарските воздухопловни сили

Италијанска единица за насочување на воздушни напади од земја (ЈТАЦ), дел од Мултинационалната борбена група во Бугарија, одржа заедничка обука со бугарските военовоздухопловни сили, објави „Бугарски воен журнал“ на својата фејсбук-страница.

Во објавата се нагласува значењето на оперативната усогласеност и интеграцијата со партнерите од НАТО.

„Оперативната усогласеност и интеграцијата со нашите партнери од НАТО не се прашање на избор – тие се задолжителни“, се наведува во објавата.

Заедничката обука е претставена со пораката: „Тренираме заедно. Дејствуваме заедно“.



Слични Објави