М. ТРЕНДАФИЛОВ-НАНЧЕ: КОДЕКСОТ ЗА ФЕР ИЗБОРИ Е ФАРСА-ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ ТРОШАТ МИЛИОНИ А МАЛИТЕ ИМААТ ПРАВО НА ПОЛОВИНА БИЛБОРД
„Во една земја во која постои устав и закони нема потреба да потпишуваме кодекс за фер избори. Ако некој ги прекрши фер изборите, треба согласно законот да одговара. Коректните работи ќе се видат. Некоректните треба да се санкционираат. Ние зборуваме цело време за демократија, но изгледа демократијата е заборавена. Демон-кратија. изјави кандидатот на ГДУ за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, по потпишувањето на кодексот за фер избори од страна на кандидатите за градоналчалници, кои ќе се појават на претстојните локални избори во Охрид.
Трендафилов подвлече дека не очекува фер избори, бидејќи едни партии можат да трошат милиони, а на други им се дозволува само половина билборд. Според Нанче малите партии не можат да се истакнат и истите се санкционирани уште пред почетокот на борбата. Трендафилов е дециден дека таквиот начин на организација на изборите треба да биде сменет.