| |

Почнува конкурсот „Бугарите, кои сме ние?“ објавен од Детско-младинскиот медиумски арт фестивал „Арлекин“

Фестивалот за детска и младинска медиумска уметност „Арлекин“, со поддршка на Извршната агенција за Бугарите во странство (ИАБЧ), ги поканува младите од бугарските заедници во странство да учествуваат на конкурс со тема „Бугарите, кои сме ние?“.

„Прекрасно е ако повеќе млади луѓе го носат во своите срца духот на минатото и преку филмовите, игрите и приказните што ги научиле од нивните баби, се развиваат и растат како поединци“, пишува ИАБЧ на својата официјална веб-страница.

Учесниците треба да испратат идеи, приказни или истории поврзани со бугарската историја и познатите личности кои придонеле за прославување на Бугарија ширум светот.

„Вашите идеи ќе послужат како основа на сценарија и предлози за филмови (играни и документарни). Екипата на Здружението „Арлекин“ нуди помош при пишувањето на сценариото и снимањето на филмовите“, се наведува во соопштението на ИАБЧ.

Обуката и советувањето ќе бидат во виртуелна „видео училница“ или со лично присуство. Виртуелната обука ќе го овозможи вклучувањето на повеќе бугарски деца кои живеат надвор од границите на татковината.

Краен рок за пријавување и доставување на идеите е 30 ноември.

Материјалите се испраќаат на e-mail: [email protected]

„Предложените идеи за сценарио од млади автори мора да бидат во должина до три страници. Авторите на сценаријата одобрени од професионално жири (составено од историчари и филмски работници) ќе поминат и курс за обука пишување на сценарио“, додаваат организаторите.



Слични Објави