| |

(ГАЛЕРИЈА) ЗА ПРВ ПАТ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА Р. МАКЕДОНИЈА, ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ОФИЦИЈАЛНО ОДДАДЕ ПОЧИТ ПРЕД ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА МАРА БУНЕВА

За прв пат од осамостојувањето на Р. Македонија, политичка партија официјално оддаде почит пред ликот и делото на големата македонска револуционерка и горда Бугарка од Тетово Мара Бунева.

Делегација на ГДУ начело со претседателот на партијата Петар Колев денеска запали свеќа и поднесе свежо цвеќе пред спомен обележјето на Мара Бунева на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје.

На денешен ден пред 93 години младата припадничка на ВМРО ја извршува смртната пресуда врз обвинителот во познатиот процес против членови на ММТРО од 1927 г. Велимир Прелиќ. По извршувањето на пресудата, Бунева прави неуспешен обид за самоубиство. Таа умира на следниот ден 14 јануари 1928 г.

„Официјална делегација на Граѓанско Демократска Унија начело со претседателот на партијата Петар Колев денеска по повод 93 години од атентатот извршен од големата Бугарка од Македонија Мара Бунева врз српскиот обвинител во процесот против ММТРО, Велимир Прелиќ оддаде почит кон ликот и делото на храбрата тетовчанка.

Претседателот на партијата Петар Колев и неговите колеги запалија свеќи во чест на Бунева во црквата „Св Димитар“ во центарот на Скопје, а потоа положија свежо цвеќе пред спомен-плочата на големата Мара Бунева.

На 13 јануари 1928 г. припадничката на ВМРО Мара Бунева ја извршува смртната пресуда врз Велимир Прелиќ-главен обвинител во судскиот процес против членови на ММТРО од 1927 г. По извршувањето на смртната казна Бунева пука во сопствените гради и умира од повредите на следниот ден-14 јануари 1928 г. во Скопје.

Мара Бунева е родена во 1901 г во Тетово и потекнува од револуционерно семејство. Нејзиниот брат Борис Бунев ја внесува во ВМРО по крајот на Првата светска војна“, стои во соопштението на Граѓанско Демократска Унија.

Слични Објави