| |

НАТО ќе гради воена и цивилна инфраструктура во Бугарија за 6 милијарди евра

Во Бугарија ќе се гради инфраструктура за 6 милијарди евра, за потребите на НАТО и за цивилни цели, најави вчера министерот за одбрана на Бугaрија Тодор Тагарев. Тоа ќе бидат патишта, железници, нафтоводи, магацини, згради за сместување. Алијансата ќе распореди во Бугарија мултинационални борбени бригадни групи од вкупно 5.000 луѓе од САД, Италија и 5 други соседни земји.

Министерот, кој се врати од петдневната посета на САД, рече дека ги посетил фабриките каде што се склопуваат 7 од првите 8 нарачани борбени авиони Ф-16 Блок 70. Наесен се очекуваат тестовите на готовите машини да започнат, а во почетокот на 2025 г. да бидат испорачани првите два авиони. Набргу по нив ќе бидат испорачани првите оклопни возила Stryker.

Тагарев истакна дека државата се обидува да им помогне на морнарите кои се држат во заложништво од Хутите во Јемен. Бугарија нема директно да учествува во операцијата на Црвеното Море против Хутите, туку ќе испрати офицери за врска со седиште во Бахреин.

Слични Објави