Османи: Завршивме со сите подготовки да прифатиме дел од мирољубивото население од Авганистан

/

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше видео состанок со заменик државниот секретар на САД, Венди Шерман и сојузничките сили за состојбата во Авганистан.

-Информирав за успешниот процес на евакуација на наши државјани од Авганистан, од кои еден дел се веќе пристигнати во државата, при што упатив благодарност до сите партнерски земји кои ги поддржаа нашите напори во таа насока.  Завршивме со сите неопходни подготовки и во очекување сме да  прифатиме мал дел од мирољубивото население од Авганистан, пред жени и деца, како и претставници на хуманитарни организации кои во изминативе 20 години, заедно со НАТО сојузниците, вклучувајќи ја и нашата Армија, учествуваа во изградбата на демократските процеси во таа земја, напиша Османи на Фејбсук.



Претходна статија

Повторно висока бројка, 14 починати и 882 нови случаи за 24 часа од Ковид 19

Следна статија

Нема град без активни случаи на коронавирус, најмногу заразени во Скопје, Тетово и Гостивар

Најново од Вести