ДУИ и нејзината метаморфоза

//

Пишува: Д-р Арбен Таравари

Пред неколку дена одржав прес -конференција на која, меѓу другото, говорев и за локалните избори што треб да се одржат овој октомври.
Во овој контекст, предупредив дека можеби евентуална соработка на АА може да биде онаа со ВМРО. Се разбира, без да ставиме ниту една точка, бидејќи во оваа предизборна фаза ние сме уште во оценување на програмите и се уште не сме одлучиле со која партија сме поблиску на овие избори во однос на визијата за политичките случувања.

Но, се чини дека мојата хипотеза, оваа „можеби“ соработка со ВМРО ги запали многу партии, а таа што целсоно гори е ДУИ. Таа веднаш ги активираше своите портали измислувајќи секакви обвинувачки и очигледно смешни наслови бидејќи ако на оваа партија и се тресеше земјата под нозе, сега целосно се распаѓа!
Според некоја логика, таа е во најкритична фаза. Толку многу делирира што треба сериозно да се тргне од политичката сцена за да си остават себеси малку чест, или да се подготвиме да го видиме крајот на ДУИ со застрашувачки цех.

Тврдењата на оваа партија дека според нив, веќе сме одредиле датум и дека сме дале збор која фотеља ќе ја дадеме и од која нема да се откажеме, ти се во делириум врз основа на многуте нејзини политички бракови за да остане на власт. Поинаку од таа што ги убива ноќе, а преку ден ги плаче своите партнери, само за да остане во сараите на Скопје, ние сме наклонети кон сосема различни цели за започнувасе на соработка.
ДУИ отсекогаш била подготвена и спремна да биде управувана од секој, под услов да остане на власт.
Интересно е да се види камелеонската способност на ДУИ низ изборит и извонредната промена, епската метаморфоза што е сосема поинаква од онаа на Франц Кафка, но што сигурно ќе го натера последниов да се преврти во гробот!

Познато е дека историјата на оваа партија ги има своите корени во планините. Нејзиното раѓање во херојски околности беше и е документ што оваа партија понекогаш го вее како изборно знаме, а понекогаш го елиминира во име на мултиетничкото општество.

Интересен е фактот дека ДУИ е единствената албанска партија што би гради дека само таа се борела со пушка во планина против македонскиот непријател, бидејќи секако дека со пушка не се војува против пријателот … во меѓувреме премиерот на државава ги етикетира само АА како албанска партија и непогодна за соработка затоа што е албанска, а од друга страна игра со владините играчки токму со оние кои, ако беше 2001 година, Заев ќе го фатеа како воен заробеник.
A сегашниот премиер не се плаши од ДУИ и нејзиното минато и фактички во право е.

Oткако ДУИ дојде од планина до владината фотеља, очигледно претрпе извонредна промена во нејзиниот став. Воените униформи на некои од функционерите беа заменети со скапи костуми колку и годишната плата на државниот службеник, редениците од куршуми беа заменети со мировни гулаби, а мапите на нападите во планинте беа отстранети од нивните раце и беа заменети со соживотот во падините. Од овој соживот кој изгледаше толку долговечен, толку среќен и толку надежен, кој беше крунисан со Охридскиот договор, денес по 20 години се случија многу работи, но само овој Договор се уште не е имплементиран.

Така, поранешните борци кои влегоа во Владата, со новиот изглед што потсетува на некои Јеховини сведоци, се смета дека имаат силна хемија со власта. Успеаја да владеат потполно среќно и радосно со Груевски кој обединетата опозиција насилно ќе го симне од власт, која де јуре беше предводена од Зоран Заев, а Зиадин Села, де факто речиди беше убиен. Со падот на Груески, луѓето со нетрпение ја очекуваа казната на овој диктатор според сериозните обвинувања што ги упати Заев во тоа време против него. И не само тоа, особено Албанците очекуваа Али Ахмети и некои други функционери на ДУИ да бидат строго осудени еднакво врз основа на силните обвинувања на Заев. Овој последниот одеше од ќош во ќош и од камера во камера, велејќи им на Албанците дека има силни бомби за Ахмети и владеачката ДУИ. Сите очекувавме дека со доаѓањето на Заев на власт, во оваа напатена држава конечно ќе има правда. Но се случи чудо. Одеднаш во целосно мистериозни околности, Груевски бега и без оглед на тоа што беше обвинет како политичар од високо ниво. Ова беше настан што ја донесе првата пукнатина на личноста на Заев кај народот, па дури отиде дотаму што рече дека се работи за зделка помеѓу господата Заев и Груевски, каде првиот поклонуваше слобода, а вториот власта без пречки.



Но, немаше време да се проголта чудото од толку лесното бегство на Груевски, бидејќи следното чудо воопшто не задоцни. Заев, кој им имаше ветено на Албанците дека ќе има правда за нив со тоа што ќе ги разоткрие злобите на Ахмети и неговите послушници, не само што не презеде никакви чекори за да го казни последниов, туку одеднаш го зеде како партнер во владата. ДУИ, која до вчера имаше среќен соживот со Груевски, сега беше невеста на нејзиниот најголем политички непријател, Заев.

Толку неприродна беше оваа промена што збуни мало и големо. Се зголемуваа прашалницит на Албанците за ДУИ, која без сомнение е најмистериозната албанска партија. Заборавајќи ги пушките на планината, молчејќи пред политичкиот атентат врз нејзиниот партнер, таа се мажеше за убиецот кој го заменуваше црниот со невестинскиот превез. Кловноста стана уште поголема. Во политичка кампања, ДУИ ги заборави познатите повици ОВК ОВК и ги повикуваше Албанците да гласаат за оние што некогаш ги имаше прогласено за непријатели !!!

Кружат гласини дека во политиката се е дозволено … НЕ! Ова е перверзно тврдење, пропагирано од политичари крадци какви на овој полуостров за жал не му недостасуваат!

Валканите маневри на ДУИ за останување на власт не се политички вештини, туку се скандалозни постапки што народот ги осуди преку гласање. Казнувањето на народот е камуфлирано со криминални механизми како кражба на гласови, но се знае дека народот никој не може да го победи, па затоа ДУИ тоне до дно.
ДУИ има само едно нешто непроменливо: името на партијата!

Секое нејзино ветување не беше само лага, туку и фундаментално спротивно на нејзините визии со текот на годините. Значи, некогаш ја имаме ултра-националистичката ДУИ која оди на планина за да го убие непријателот со куршум. Потоа одеднаш ја заборава војната, оставајќи ги на милост и немилост на судбината вистинските борци, од кои некои живеат во беда. Така, ни се појавува една ДУИ која седи рамо до рамо со оние кои што некогаш ги нарекуваше непријатели. Кога поранешните непријатели се нападнати од некои други, ДУИ веднаш им се придружува на најсилните. Условите се тешки, бидејќи тешко е сардисана, ветува премиер Албанец ако дојде на власт, па дури и тоа и го гарантирар. Со 100 трикови доаѓа на власт и … нема премиер Албанец! Едноставно нема! Што направи ДУИ за да ја заштити својата гордост, поднесува оставка?! Неее, никако! Молчи! Зборува само за зеленило и пасишта сметајќи ги луѓето овци што ги користи за трговија и храна!

Значи ова е ДУИ, која одамна го загуби правото да зборува за принципи и политика!
Што се однесува до евентуалната соработка со која било партија, да, AА може да соработува со било која партија што му сака добро на народот и има визионерска блискост, како што разделува со секоја партија која лаже да и го пљачка народот. Особено ја потсетуваме „загрижената ДУИ“ дека АА беше партијата што ја напушти власта за да ги брани своите принципи, а ДУИ го напуштила секој принцип за да ја задржи власта…

Претходна статија

Радев: Датумот на Илинденско-Преображенското востание засекогаш ќе ги поврзува Бугарите од Тракија и Македонија

Следна статија

Австрискиот канцелар Шушниг-гостин на македонските Бугари во Торонто Канада

Најново од Истакнато