КАЦАРСКА ОДБИЛА ДА ГО ОЦЕНУВА ОБВИНЕНИЕТО ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА 27 АПРИЛ

//

Судијката Добрила Кацарска одбила да го оценува обвинението против организаторите на 27 април. Од Кривичниот суд информираат дека електронскиот АКМИС систем ја одбрал неа, но таа инсистирала да не биде дел од овој нов процес. Преку барање до претседателот на Судот известила дека веќе донела одлука во претходниот случај за настаните од 27 април и веќе имала оформено мислење, но и постоела можност да биде пристрасна.

Нејзиното барање е прифатено, а обвинението сега ќе го оценува судијата Горан Бошевски. Засега сѐ уште не е закажана седница каде обвинетите, Трејко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Владимир Атанасовски ќе можат да се жалат на содржината на обвинението и да барат Судот да го отфрли. Инаку, Јанакиески, Ристески и Атанасовски се во домашен притвор, а единствено на слобода е екс-спикерот на парламентот Трајко Вељаноски.



Претходна статија

БЕКТЕШИ: НАМАЛУВАЊЕТО НА МЛАДИНСКАТА НЕВРАБОТЕНОСТ Е НАШ ПРИОРИТЕТ

Следна статија

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ОБВИНИТЕЛСТВАТА НА МАКЕДОНИЈА И ИТАЛИЈА

Најново од Вести