СКОПЈЕ И СОФИЈА ВО ФИНАЛНА ФАЗА ЗА ЗАЕДНИЧКИОТ АКЦИСКИ ПЛАН

Откако Владата објави дека усогласувањето на заедничкиот акциски план со Бугарија е во завршна фаза, за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија вчера се огласи американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнз, која повтори дека САД се залагаат билатералните прашања да се решаваат меѓу државите и да останат настрана од процесот на интеграција во Европската Унија.

loading...

За тоа дека изработката на заедничкиот Акциски план е при крај информираа и министерот за надворешни работи Бујар Османи и владиниот портпарол Душко Арсовски. При тоа ставот на Владата е дека од македонска страна нема промени во позициите во преговорите со Бугарија – македонскиот идентитет, народ и јазик не се и нема да бидат предмет на преговори.



loading...

– При крај сме на финализација на Акцискиот план којшто ќе претставува значаен документ за да ја следиме линиската соработка во сите области и очекувам преку посветена работа и трпеливо да ја вратиме довербата и во политичкиот дијалог, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со европратеникот и известувачот на Европскиот Парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук.