ПАЗАРНАТА КАПИТАЛИЗАЦИЈА НА БИТКОИНОТ НАДМИНА 1.000 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Биткоинот постави уште еден рекорд, откако вчера пазарната вредност на најпопуларната криптовалута надмина билион американски долари (1.000 милијарди), според Коиндеск.
Во петокот со дигиталната валута се тргуваше за нешто помалку од 54.000 долари за еден биткоин, а во еден момент достигна 54.880 долари во текот на сесијата, според „Coin Metrics“. Цената на биткоинот во последните шест месеци се зголеми за околу 350 проценти.

loading...

Иако не е совршена споредба, пазарната вредност од билион долари ја прави вредноста на биткоинот поголема од вредноста на најголемиот број акции во светот. На пример, Тесла има пазарна капитализација од околу 700 милијарди долари, додека Apple се проценува на повеќе од 2 билиони долари, пишува СЕЕбиз.

Во меѓувреме, извршниот директор на Тесла, Елон Маск, вчера објасни зошто компанијата за електрични возила инвестираше во биткоин.

Имено, тоа беше изненадување за оние кои претходно забележаа дека во неговите твитови често се појавува друга криптовалута – dogecoin, објави Јаху фајнанс.

Маск реагираше на еден твит кој содржи коментари од Чанпенг Ао, извршен директор на берзата за криптовалути „Бинанс“, кој рече дека е изненаден што Илон Маск е толку „премногу ентузијаст во врска со доџкоин“.

Маск објасни дека инвестициите на Тесла „не го одразуваат целосно неговото мислење“. Шефот на Тесла додаде дека биткоинот, кој тој го опишува како „едноставно помалку глупав облик на ликвидност од готовина“, е „веќе доволно авантуристичка работа за компанија од индексот S&P 500“, а камоли dogecoin.



loading...

Говорејќи за неговиот личен став, Маск спомена дека тој е „инженер“, а не „инвеститор“.

„Јас дури и не поседувам други акции со кои се тргува јавно, освен на Тесла“, напиша милијардерот.

Да потсетиме, Тесла инвестираше 1,5 милијарди долари во биткоин и објави дека очекува да прифати плаќања во таа криптовалута во блиска иднина.