|

Одбележуваме 90 години од смртта на костурскиот војвода Марко Иванов Петров

На 16-ти декември 1933 г. во Софија, после тешко боледување умира костурскиот војвода МАРКО ИВАНОВ ПЕТРОВ. Роден е 1877 г. во с. Палеор, Кајљарско. По влегувањето во ВМОРО првин бил курир и доставувач на оружје. Во 1903 г. влегол во илегала и бил четник кај поручникот Георги Попанчев од Сливен. Во мај присуствувал на Смилевскиот конгрес. За време на Илинденското востание е војвода и учествувал во борбите за ослободување на гратчињата Клисура и Невеска. По востанието продолжил да дејствува со својата чета. Учествува и во Првата балканска војна во 1912 г. како војвода на чета на Македо-одринското ополчение во Бугарската војска. Во Првата светска војна служи во Петти пешадиски македонски полк на Единадесетта дивизија на Бугарската армија. По војната М. Иванов е меѓу основачите на Илинденската организација во Бугарија.

“Многу турски села почнаа да не’ канат да отидеме кај нив, ветувајќи дека ќе се подчинат, само да не им пакостиме. Во Куманичево една делегација од 4-5 души Турци дојде, го изјави нивното преклонување пред четите и го предаде сето оружје. Бугарското население гарантира дека се добри и ние не ги закачвавме.“

По преземањето на Клисура

“Во првиот момент во градот беше мртвило. Жива душа не се гледаше. Ја направивме првата посета на богатиот Мисирлија, а после на месниот доктор – Грк. Чакаларов и Кљашев додека разговараа горе во одаите со докторот, една слугинка ни сообшти, дека во куќата има скриено Турци. На нашите викања тие ги подадоа главите, ги фрлија пушките и се предадоа. Сакавме да им удриме по еден печат и да ги пуштиме, но кога при прегледот во чорапите им најдовме нанижани жолтици украдени од Бугарските села, им се изрече пресуда и на врвот Врбица беа погубени.“

По преземањето на Невеска

ОД СПОМЕНИТЕ НА МАРКО ИВАНОВ, 1922 г.



Слични Објави