| |

ДИМИТРИЕВСКИ: МНОГУ Е ЛЕСНО ДА СЕ УДРИ ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски верува дека казната за граѓаните кои не ги почитуваат мерките, треба да се замени со општествено-корисна работа. Наместо казни, потребна е едукација изјави Димитриевси во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

„Побаравме од Владата наместо мерката за казнување од 20 евра, во овој тежок социо-економски период да ја замениме со општествено корисна работа. Сметам дека секоја мерка која се воведува не треба да удира по џебот на граѓаните. Ако им наметнуваме на граѓаните да носат маска, треба секому да доделиме и бесплатни маски. Ние доделивме од општината 40.000 маски, дополнително добивме околу 35 000 и од државата но тоа се маски за еднократна употреба. Многу е лесно да удрите по џебот на граѓанинот, а потешко да му ги создадите условите. Затоа треба опомени и општествно корисна работа. Нашите граѓани се покажаа лојални кон мерките откога се воведени“, изјави Димитриевски.



Слични Објави