|

Светски лидери го осудија вооружениот инцидент на гала вечера во Вашингтон во присуство на Доналд Трамп

Светски лидери изразија загриженост и осуда откако вооружен маж упаднал на гала вечера во Вашингтон, на која присуствувал американскиот претседател Доналд Трамп, јавува БГНЕС.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е „шокиран“ и порача дека „секоj напад врз демократски институции или слободата на печатот мора најостро да се осуди“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наведе дека е „шокиран од обидот за атентат“ и изрази олеснување што претседателот е безбеден.

Индискиот премиер Нарендра Моди порача дека „насилството нема место во демократијата“.

Канадскиот премиер Марк Карни истакна дека „политичкото насилство нема место во ниту една демократија“.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум оцени дека „насилството никогаш не треба да биде патот“.

Шпанскиот премиер Педро Санчес изјави: „Насилството никогаш не е одговорот“.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф соопшти дека е „длабоко шокиран“, додавајќи дека е олеснет што сите присутни се безбедни.



Слични Објави