Планот на власта, вината за неуспехот во евроинтеграциите да им го префрли на македонските Бугари, нема да успее

//

Пишува: Маузер

Пред две седмици во емисијата на Канал 5 „Само вистина“, се појави и сопственикот на т.н. „бугарска амбасада во Велес“ – Драги Каров. Навидум ништо чудно ниту контроверзно, дури и позитивно може да се каже бидејќи еден национален медиум во Македонија дава време на ТВ да се чуе и гласот на некој македонски Бугарин. Само што на тие што малку повеќе ги разбираат овие работи јасно им е дека се работи за нешто сосема друго.

Драги Каров е експлозивен лик. Дефинитивно е човек што треба малку за да биде испровоциран, а тоа му пречи да покаже колку реално е запознат со тематиката на македонско-бугарските односи. Тој не е претставник на здружение или партија на Бугарите, тој едноставно е Бугарин. За да биде теренот совршено поставен од другата страна, му спротиставија еден искусен провокатор. И што се случи? Каров избувна, се повиши тонот, паднаа и некои зборови што не беа потребни, а Канал 5 си ја заврши работата. Во исто време почнаа синхронизирани објави по социјалните мрежи за тоа какви се Бугарите во Македонија и како намерно „праќаат такви ликови за да ги понижуваат Македонците“. Целта е исполнета – македонските Бугари се оцрнети, а бесот на македонската јавност може „оправдано“ да се насочи кон нив.

Случајот со гостувањето на Драги Каров не е нешто ново, непознато или невидено. Проблемот е што некако такви случи многу зачестија во последниве месец-два откако стана јасно дека РС Македонија (по своја вина) во моментов нема да напредува во преговорите со ЕУ. Претседателот Пендаровски изјави дека нема потреба да брзаме со уставните промени. Помина тоа, па симпатизери на ДПМНЕ и Левица направија циркуз со отварањето на бугарските клубови во РС Македонија. Сѐ направи уште еден еднаков циркуз со пензионерите во Благоевград, па се донесе закон специфично насочен кон бугарските клубови, кои меѓу другото се мета на напади (обид за палење, кршење на табла и излог). Исто така луѓето запознаени со случувањата не може да не забележат дека во последно време се зголемија и личните провокации и притисоци кон одредени македонски Бугари.

Ваквите настани во рок од месец-два дефинитивно не се случајни. Кога РС Македонија не може да удри по магарето (Бугарија), таа удира по самарот (македонските Бугари). Целта е да се испровоцираат инциденти кои ќе ја натераат Софија на реакција.
Крајната игра е Бугарија да стави вето и повторно да биде повлечена во калта на држење на свое лично вето за ралика од моменталното кое е де факто и де јуре европско. Ако Бугарија пак се вклучи и започне повторно дипломатска војна, надежта на властите во Скопје е дека францускиот предлог ќе падне во втор план и дека следниот предлог ќе биде некое поповолно по Скопје решение. Тоа е примарната цел на последните удари и притисоци кон Бугарите, додека секундарната цел е додатно да се засили негативното мислење на јавноста кон Македонските Бугари. На тој начин треба да се осигура поддршка од јавноста за неспроведување на уставните измени кои би ги отвориле преговорите со ЕУ. Или поинаку кажано подготвување на домашната публика за „војна“.



Треба да се признае, дека тоа е одличен план, но има неколку „мали проблемчиња“. Планот се потпира на тоа дека, луѓето во надлежните институции во оцифијална Софија се родиле вчера, дека пијат нафта и ќе донесат нови загубени месеци/години за РС Македонија. Во Бугарија играта веќе ја прочитаа и затоа Желјазко Радуков од бугарското МНР кажа дека нови услови за РС Македонија нема и со име и презиме го посочи според нив главниот виновник за кочењето на патот на Скопје кон ЕУ.

Бугарија во моментов е во многу комотна позиција и нема причина да си ја компромитира, а и самите македонски Бугари се подготвени „машки да ја издржат бурата“. Ветото во моментов го држи самата ЕУ и нема отворање на нови кластери додека не се внесат Бугарите во Уставот на Македонија и властите во Скопје можат да застанат на глава и да вриштат колку сакаат! Тоа е главниот услов. Дури од бугарската страна дојдоа и некои повици дека можеби постои можност комисијата да се стави во некој заден план и полека да губи релевантност, но само откако ќе се исполни тој услов. Услов кој што е најлесниот од сите што до сега било која страна ги поставила пред Македонија, потег со кој што РСМ апсолутно ништо не губи. Проблемот е само што губат македонските политички партии.

Како стојат работите моменталната власт нема доволно поддршка за такви измени, а опоцизијата не попушта. Власта не е способна да осигура доволно пратеници за промените, а не сака да исполни уште еден договор и да ризикува паѓање од власт и си подготвува алтенативно сценарио.
Претседателот на равногорскиот четнички покрет – Мицкоски сака да биде премиер еден ден и не смета дека може да преживее уште едни уставни промени, колку и тие да биле мали и незначајни. И едните и другите ги ставија своите дневнополитички амбиции и цели пред интересите на државата. Македонските политичари едноставно не се грижат за иднината на граѓаните на РС Македонија.

Вистинските политички лидери мислат за својата држава и народ и што би било во наредните 10-20 години и што значат нови години изгубени без европска перспектива. Македонските политичари не гледаат толку напред, но поверојатно е дека баш и не ги интересира. Ако е нешто константа за македонските политички елити до сега е тоа што тие многу малку размислувале за тоа во каква состојба ќе биде државата РС Македонија, а ако сме чесни можеби никогаш и сериозно не сметале на тоа дека сме или ќе бидеме држава.

Претходна статија

МНР по нападот врз бугарскиот клуб: Очекуваме конкретни активности од институциите во РСМ

Следна статија

Македонската Kristallnacht

Најново од Истакнато