| |

Габриел: Париз ја потврди поддршката за Бугарија за влез во Шенген зоната

Францускиот државен секретар за европски прашања Лоренс Бун ја потврди поддршката на Париз за пристапот на Бугарија во Шенген на средбата со вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел за време на годишниот Стратешки форум во Блед, Словенија. Ова го објави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел на својот Фејсбук профил.

„Во фокусот на дискусијата беше продлабочувањето на билатералните односи во областа на енергетиката и поврзувањето. Со државниот секретар разговаравме и за политиката на проширување на ЕУ и за 30-годишнината од приемот на Бугарија во Меѓународната организација на Франкофонијата“, додава Габриел.

Слични Објави