Одбележуваме 15 години од потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро, трагедија во која животот го загубија 15 бугарски туристи
Денеска се навршуваат 15 години од потонувањето на туристичкиот брод „Илинден“ во Охридското Езеро, јавува БТА.
Трагедијата се случи во 11:45 часот по бугарско време, на 5 семптември 2009 г. на околу 200 метри од брегот. На бродот имало 55 бугарски туристи, од кои 15 ги загубија своите животи. Со интервенција на бродовите „Кристина“ и „Александрија“ се спасија голем број туристи.
На 5 јули 2011 година Основниот суд Охрид ги прогласи за виновни двајцата обвинети во случајот за инцидентот – капетанот на бродот Сотир Филевски и хрватскиот државјанин Бранко Баиќ, кој ја издал потврдата за исправност на пловилото. Двајцата беа осудени на по една година затвор.
Според судот, Сотир Филевски не ги почитувал прописите за превоз и на бродот однел повеќе луѓе од дозволеното. За непочитување на законот за превоз е осуден и Бранко Баиќ, кој, според судот, не издал документ за ограничување на бројот на патници.
