| |

Вечерва во Куманово во рамките на „Денови на комедијата“ ќе биде претставена комедијата „Се бара нов маж“ на Драмскиот и куклен театар Плевен

Вечерва со почеток од 20 часот на сцената на НУТЦ Трајко Прокопиев Куманово како дел од програмата на фестивалот „Денови на комедија“, Драмскиот куклен театар „Иван Радоев“ – Плевен ќе се претстави со комедијата „Се бара нов маж“, јавува Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Улогите ќе ги толкуваат тројца актери од Плевенската трупа – Мариета Кал’пова, Ленко Гурков и Георги Ангелов. Сценографијата и костимите се дело на Николај Димитров, музиката е на Ангел Бешев, а кореографијата е на Ива Николова.

Бугарскиот културно-информативен центар Скопје и годинава е партнер на фестивалот „Денови на комедијата“ и го поддржува учеството на театарската трупа од Плевен, Бугарија.

Слични Објави