| | |

(Видео) Репортажа на „Панорама“ од островот „Св. Ахил“: Царот Самоил и чуварот на моштите

Царот Самоил не можел да избере подобро место за својата престолнина. Островот „Свети Ахил“ во Малото Преспанско Езеро, е заштитен со вода и планини. Ова се вели во репортажа на познатиот бугарски новинар Бојко Василев, емитувана во неделната емисија на Бугарската национална телевизија „Панорама“.

Денес тоа е една од туристичките знаменитости на Северна Грција. Дворците одамна ги нема.

Но пред еден милениум, на ова место се одиграл моќниот судир со Византија и еден од нејзините најсилни императори, кој подоцна ќе биде наречен Бугароубиецот.

Оваа драма го привлекла вниманието на познатиот бугарски археолог Људмил Вагалински уште од неговото детство…



Слични Објави