| |

Евтим Милошев: Ја поздравувам генералната директорка на БНТ Милена Милотинова за енергијата и напорите што ги вложува во организацијата на „Евровизија“

Бугарскиот министер за култура Евтим Милошев оцени дека подготовките за организација на „Евровизија 2027“ се одвиваат контролирано и дека Бургас е соодветен домаќин на натпреварот. Тој ова го изјави во емисијата „Денят започва“ на Бугарската национална телевизија (БНТ), пренесува БТА.

Милошев ја поздрави енергијата и ангажманот на генералната директорка на БНТ Милена Милотинова во подготовките за натпреварот. Тој посочи дека Министерството за култура селектира предлози за придружни настани, кои ги доставува до вицепремиерот Иво Христов и до иницијативниот комитет формиран на ниво на министри.

На прашањето дали придобивките од организацијата ќе бидат ограничени на Бургас, Милошев рече: „Бургас е домаќин, но сцената е Бугарија“. Според него, натпреварот претставува платформа што може да се искористи за претставување на современа и активна Бугарија во Европа и во светот.

Милотинова изјави дека целта е домаќинството во Бургас да го прикаже талентот, убавините и гостопримството на Бугарија, како и способноста на земјата да организира настан од таков размер.

Слични Објави