| |

IN MEMORIAM: ИВАН МИХАЈЛОВ ГАВРИЛОВ

(26 август 1896 г. Ново Село, Штип-5 септември 1990 г. Рим, Италија-2019 г.)

Се навршуваат 29 години од смртта на последниот вистински лидер и водач на ВМРО, Иван – Ванчо Михајлов Гаврилов. Роден во штипско Ново село за време на владењето на Османската империја, тој од раното детство, како очевидец е свидетел на револуционерното дело на ВМРО во борбите против Отоманската империја и свидетел на саможртвата на револуционерот Развигоров, исто така од Ново село. Учи во Солунската бугарска машка гимназија “Св. Кирил и Методиј”, за покасно, по Втората балканска војна, да матурира во Скопската гимназија, сега веќе под српска власт. Заминува за Бугарија, каде студира Правен факултет и е еден од основачите на македонското студентско друштво “Вардар”, истовремено и личен секретар на Тодор Александров, тогаш неспорен и легендарен лидер на возобновената и воинизирана ВМРО. Кога по инструкции на Москва и на советските разузнавачки служби, Тодор Александров е убиен на Пирин планина, на 31 август 1924 година, Ванчо Михајлов е избран за член на ЦК на ВМРО, преминува во илегална дејност и го презема раководењето на организацијата. Од 1924 година, па се до крајот на својот живот во 1990 година, Ванчо Михаилов останува како единствен и неспорен водач на ВМРО. Негово дело се атентаите врз личности од воениот и полицискиот режим во окупираната од србите, Вардарска Македонија. За одмазда, српската полиција во една темна ноќ, во Ново село ги убива неговиот татко Мише и братот Христо Гаврилови.

Интервју на Иван Михајлов за весникот „Хрватска“ (весник на хрватските имигранти во Буенос Ајрес, Аргентина). Септември 1970 г.

Долг и тежок е неговиот животен пат. Борбите, одмаздата заради убиството на Александров, меѓусебните убиства и чистки во организацијата, емиграцијата по 1934 година во Турција, па Полска и Унгарија, за во време на Втората светска војна да се стабилизира во Загреб, па одново бегство, илегала и конечно, некаде од 1948 година мирен, спокоен и творечки живот во Рим, се до последните денови.

Ако првиот председател на ТМОРО/ВМРО, д-р Христо Татарчев беше лекар, хуманист и философ со истанчен литерарен осет, ако Дамјан Груев беше острастен револуционер спремен на саможртва, ако Тодор Александров беше бестрашен воин и енергичен борец, Ванчо Михаилов останува како ненадминат организатор и конспиратор. Сите овие беа борци за слободата на македонските бугари од турското, грчкото и конечно, од српското владеење, Ванчо останува како ненадминат противник на комунистичката/болшевичка идеја за сепарација на македонското население од бугарското национално ткиво, доследен борец против српската окупација на Македонија, овенчан со венецот на ангел-одмаздник. Атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ во Маресеј е дело на усташката организација, но извршителот и логистичката поддршка се дел од михајловистичката ВМРО. Ако Сараевскиот атентат со чинот на “Млада Босна”, беше восклик за слобода на југословените/српскиот народ под K und K  монархијата, атентатот во Марсеј беше одмазда за сите злосторства на српската солдатеска и полиција врз македонските бугари од 1913 година, па до крајот на животот на тиранинот под чија чизма збивтаа малите народи на Југославија.

Интервју на Иван Михајлов за весникот „Хрватска“ (весник на хрватските имигранти во Буенос Ајрес, Аргентина). Септември 1970 г.

Ванчо Михајлов беше омразена личност во недемократските, комунистички режими во Југославија, Македонија и Бугарија. Новото време ја отвори и неговата огромна публицистичка дејност, на повеќе од 5000 стрници. Тоа се текстови, спомени, полемики и стати, секогаш во одбрана на најзагрозените, најтормозените и најпрезрените народи во кралска и титова Југославија: македонските бугари, албанците и унгарците. Тој беше нивниот трибун, гласот на тие обесправени во “титовиот рај”. Затоа и беше омразен, но беше далеку од долгата рака на УДБ-а.

Неговото капитално дело “Македонија-Швајцарија на Балканите” напишано некаде околу 1950 година, е пречекано со одбојност, презир и подсмев од властите во Југославија, специјално во Македонија. Беше и официјално забранета, впрочем како и сите негови дела. Напишано е за да ги обоснова, формира, демократките принципи на народите во Македонија, во очекуваниот крај на Југославија. Навистина, Југославија се распадна многу подоцна, но затоа со реки крв и насилие.

Интервју на Иван Михајлов за весникот „Хрватска“ (весник на хрватските имигранти во Буенос Ајрес, Аргентина). Септември 1970 г.

Новата македонска држава е формирана по ненаучената лекција од Михајлов. Таа денес функционира како неформална федерација или конфедерација меѓу македонците и албанците, во строго разделени подрачја и ресори. Само прашање на време е кога ќе биде кантонизирана, како следен чекор кон нејзиното конечно раслојување. Не е лошо лидерите на двете народности пак да ја прелистаат “Македонија-Швајцарија…” и да ги научат, не само лекциите за права на јазик и култура, туку и обврските во заедничкото живеење, пред се обврските за демократија и демократски односи. Ред е да се заборави на глупавите изјави на првиот македонски председател Киро Глигоров, дека “дебугаризацијата на Македонија е завршена работа”. Од Ванчо Михаилов можеме да научиме дека не се бугарите или некои други виновни за нашите несреќи и бедствија, виновна е нашата некомпетентност и вековниот недостиг во капацитетите за восприемање на човековите права и слободи, за инсталирање на демократијата во нашето секојдневие, за добивање возможности за сопствено самоопределување во најосетливите делови од човковото опстојување.

Автор: Владимир Перев. 



Слични Објави