ИТАР ПЕЈО ВТОР ДЕЛ

Пишувајќи го првиот дел искрено се надевав дека тоа е тоа и нема да има повеќе мајтапи на сметка од Пејо, но на жалост изворите за овој наш шегобиец никако да пресушат, а пак тој кутриот упорно е мета на некакви комичари. Чудно како ли него го нашле? А богами и си се изнамуабетиле, а пак нашиов Итар Пејо уфилман разговара со големи фаци и си се смешка. Very very good…Зоки не ќе ова да е good, а богами ни nice…

Грујо ги згасна К-15, но ни го даде Итар Пејо. Ред е да признаеме толку е разочаран и изненаден што му ја злоупотребиле добрината, што од срам и се извини неколку пати. Чинам и со оваа последнава егзебиција си ја пресуди иднината.

Зборувајќи за секси девојката ЕУ ја направивте нашава Македонија уличарка, но без преседан. Ајде Аце антика замина, Гоце на врата е го давате, Северни Устави, закони за обратни, паради, Рашко, Кирац, Мирка дизел, Павле ТИП, Курто Дудуш и што ми ти уште не, па сега и ова фалеше. И на сета мака одозгора храбро на прес и оп мозоци периме. Не нудел пари господинот, пази донација ќе давал. Па добро бре народов нафта ли пие? Па добро бре до толку ли не потценувате? Зарем ретардирани сме? Зарем немате малку свест и почитување барем спрема домашните? За партиските профитерчиња ова сигурно ќе биде нарачано од Грујо како и се досега што беше. Општо слепило. Очигледно некој многу го гледал Луд, збунет и нормален.
Ако некогаш оваа држава била на дното тоа е баш сега. Ако некогаш сме биле мизерни е тоа е баш сега. Ајде ни ја поништивте целата историја, ајде не сакаме хелени, па сега и словени. Овде како да има скриена камера, не не овде има скриена камера. Чинам за момент како да не е ова реалност и навистина е тешко да се поверува во ова што го гледаме секој ден.

И за крај, не верувам дека постои симпатизер на ДПМНЕ кој може да мечтае и да му смисли полошо на Зоран Заев од тоа што тој самиот може да си го направи. Ах ќе заборавевме, одговорност баравте, ќе има без гајле. Ќе им закачат на Чавков и компанија уште по некоја година, а всушност и овие комичариве се матни мора и за нив нешто да има и ако не се лажам сигурно и Оливер Спасовски има веќе потерница издадено. Што се однесува пак до тие што бараат од Зоки одговорност, епа нема човекот вина, впрочем и Господ толку му дал што е он па сега крив.

П.С. Еднаш напоменав, но имам потреба уште еднаш да го кажам. За бегалката од Унгарија беа потребни протести, револуции, СЈО, странски служби, бомби и ред други манифестации, а пак Зоки си е едноставен, дај му власт и сам ќе си се урне. Зоки, збирај Северната, Рашко, Кирац, Мира дизел, Павле и компанија толку беше. Следниот пат повеќе среќа.

Автор: Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ-Охрид