Повеќе од 200 луѓе во Мала Преспа добија бесплатни кардиоваскуларни прегледи на иницијатива на Фондација „Бугарска памет“ и со помош на бугарското МНР
220 пациенти од Мала Преспа, Албанија, беа прегледани за три дена во рамките на иницијатива на Фондацијата Бугарска памет и д-р Милен Врабевски, за бесплатни кардиолошки прегледи на локалното население. Преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, Фондацијата Бугарска памет ја изрази својата благодарност кон сите инволвирани во оваа иницијатива.
,, Време е да им се заблагодариме на сите инволвирани во оваа целосно бугарско добротворна иницијатива, која имаше за цел да го подобри квалитетот на животот на локалните жители и да им обезбеди пристап до врвни медицински услуги кои недостасуваат во овој реон “, јавуваат од Фондацијата Бугарска памет.
Во својот пост тие се заблагодаруваат до: проф. д-р Иво Петров, д-р Алдин Али, д-р Александрина Кузов, д-р Виктор Константинов, медицинската сестра Веселка Г’л’бова од Аџибадем Сити Клиник, УМБАЛ кардиоваскуларен центар, Андреј Марков директор на кардиоваскуларниот центар Аџибадем Сити Клиник, Тихомир Маринов менаџер на БТЛ Индустрис Бугарија, Министерството за надворешни работи на Бугарија на чело со министерката Марија Габриел за помошта што таа ја укажала во добивањето на сите потребни дозволи за спроведување на иницијативата и за помошта при ангажирањето на воениот авион Спартан за транспорт на тимот.
Од Фондацијата Бугарска памет се заблагодаруваат уште на амбасадорот на република Бугарија во Албанија Ивајло Киров и неговиот тим за добрата организација и соработката, д-р Нико Коламовски, лекарот што се грижи за луѓето во пет од деветте села во Мала Преспа, Јани Никола заменик градоначалник во Мала Преспа, и Софика Мале која е меѓу основните идеолози овие прегледи да станат реалност.
,,Заедно подаривме здравје и покажавме дека кога државата и една невладина организација ќе ги обединат своите сили во името на една заедничка кауза, нештата секогаш завршуваат со успех “, велат од Фондацијата Бугарска памет.
