|

По жалбите за мобинг на Кардиологија, Меџити ќе ги повика на разговор и директорот и вработените, а не исклучи можност и за радикални мерки

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, е во тек со сите случувања на Клиниката за кардиологија по обвинувањата за мобинг и тврдењата на некои од вработените дека немаат материјали за основните операции, па пациентите ги праќаат во приватните клиники или во странство.

„За сè сум информиран. Во координација сум со сите засегнати страни. Ќе ги повикам оние што пратија писмо, односно што имаат мобинг од директорот во институцијата, ќе ги повикам и ќе ги слушнам двете страни. Таму во моментот има предизвици, ние ќе настојуваме да ги надминеме. Ако не успееме, јас ќе донесам порадикални одлуки во тој поглед“, рече Меџити.

Минатата недела некои од вработените преку писмо објавено во медиумите алармираа за недостиг на основни средства за работа, се пожалија и на мобинг и јавно побараа оставка од директорот.



Слични Објави