СОБРАНИЕТО РАСПИША КОНСУЛТАТИВЕН РЕФЕРЕНДУМ НА 30 СЕПТЕМВРИ
68 пратеника гласаа „ЗА“ распишување референдум на 30 септември. Одлуката е усвоена, а рефендумското прашање гласи:
„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа на гласањет. Тие ја напуштија собраниската сала откако нивниот пратеник Никола Мицевски го изнесе партискиот став дека референдумското прашање е непрецизно, повеќезначно и манипулативно за јавноста. Самиот факт што референдумот е консултативен, според Мицевски, отвора можност резултатот да се толкува како што се сака.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе два амандмана на Предлог одлуката за распишување референдум, но не присуствуваа кога беа ставени на дневен ред и беа одбиени на гласањето.
Одлуката за распишување на референдумот беше изгласана со мнозинство од вкупниот број пратеници.

