ГО ОДЛОЖИЈА СУДСКОТО РОЧИШТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ НА ЏУЛИЈАН АСАНЖ

Судот во Лондон одлучи да го одложи суштинското рочиште за екстрадицијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж од крајот на февруари до мај, пренесува РИА Новости. Судијката Ванеса Барицер го одобри барањето на Асанж да го одложи рочиштето заради недостаток на време за примање и сослушување на сведочењата, како и тешкотиите во пристапот на обвинетиот до предметот за случајот, објави БГНЕС.

„Судот одлучи да го одложи рочиштето за три месеци. Истото ќе се одржи во мај“, објави судијата. Следниот технички состанок за случајот е закажан за 19 февруари. Асанж ќе учествува во него преку видео-врска од затворот во Бермарш каде што се наоѓа во моментот.