ГДУ ШТИП: ГРАДОНАЧАЛНИЧЕ, ГЛАВНАТА РАСКРСНИЦА ВО НАСЕЛБА СЕЊАК Е ОПАСНА ЗА ГРАЃАНИТЕ
Локалниот клуб на ГДУ Штип денеска посвети прес конференција на главната раскрсница во населбата Сењак во Штип. За нив, тоа е место на сообракаен страв и трепет:
„ Денешната прес- конференција ја посветуваме на лагите коишто ги чувме за време на предизборието. Кај и да е, ќе се почнат нови лаги, па затоа да сугерираме на старите. Изначувме планови и идеи, коишто ни Населбата Сењак е една од поголемите населби во нашиот град, исто така таа се носи со една од поопасните раскрсници. Сакаме директно да го прашаме нашиот градоначалник, дали има преземено некакви мерки за безбедноста кај главната раскрсница во населбата Сењак и дали сѐ уште истата раскрсница е опасна за граѓаните, или пак тоа беше само за пред избори? Каков одговор ќе имаме на сето ова? изјави Бојана Дрангова, Национален комитет на ГДУ
На ова реагираа од општина Штип:
„Општина Штип работи на целосно нов проект за реконструкција на главната крстосница во населба Сењак помеѓу улиците „Сремски фронт“ и „Борис Крајгер“.
По завршување на проектот, ќе аплицираме до Министерство за транспорт и врски преку проектот за локални улици и патишта.
Би сакале да ви напоменеме дека на само неколку метри од таму, изградени се целосно нови улици, нова детска градинка, реконструирана е улицата „Петта партиска“, поставен е лежечки полицаец во близина на основното училиште „Димитар Влахов“ стои во реакцијата.