САД ЗА НАСЛЕДНИКОТ НА СОЛЕЈМАНИ: ЌЕ ГО СНАЈДЕ ИСТАТА СУДБИНА

Специјалниот американски пратеник за Иран, Брајан Хок, му упати закана на Есмаил Гани, кој на позицијата командант на специјални сили „Кудс“ на иранската Револуционерна гарда, го наследи убиениот Касем Сулејмани.

Хок за саудискиот весник „Ашрак ал-Авсат“ кажа дека ако и Есмаил Гани го следи патот на убивање Американци, ќе го снајде истата судбина.

Хок додава дека за напади врз Американците или интересите на САД во регионот како одговорни ќе ги сметаат иранскиот режим и силите кои делуваат во негово име.