| |

(Видео)Елисавета Белобрадова стана првата бугарска политичарка, која на 4 февруари му отдала почит на Гоце Делчев во неговиот роден град Кукуш

Елисавета Белобрадова од редовите на „Демократска Бугарија“ стана првата бугарска политичарка и пратеничка во бугарскиот парламент, која на 4 февруари се поклонила пред делото на големиот бугарски револуционер Гоце Делчев во неговото родно место градот Кукуш (денес Килкис во Грција).

„Денеска е 4 февруари, денот кога пред 151 година во градот Кукуш, денешен Килкис е роден Гоце Делчев. Решив да отидам таму за да му оддадам почит на херојот.
Искрено се надевам дека поклонението во Скопје ќе помине без проблеми од двете страни. Да беше Гоце Делчев жив и да можеше да види што се случува во моментот, немаше воопшто да биде задоволен од односите меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, бидејќи тој е личноста која ни ја остави мислата: „Каде и да се наоѓаме, ние живееме духовно поврзани едни со други. Не поврзува заедничката должност кон нашиот поробен народ, кому доброволно се заколнавме дека ќе му служиме“, пишува Белобрадова.

Бугарската политичарка објави и кратко видео од својата посета на родниот град на Гоце Делчев, Кукуш.

Слични Објави