| |

ГЕРМАНИЈА ПОДГОТВУВА МЕРКИ ЗА СТАВАЊЕ КРАЈ НА ИЗОЛАЦИЈАТА

Германија изготви список на мерки, меѓу кои и обврска за носење маски во јавноста, ограничувања на јавни собири и брзо пронаоѓање на ланците на инфекции, за кои официјалните лица сметаат дека треба да овозможат животот да се врати во нормала по завршување на терминот за мерките за заштита кој истекува на 19 април, пренесува Ројтерс.

Со предлозите, содржани во нацрт-акциониот план, надлежните оценуваат дека мерките треба да бидат доволни за да се задржи бројот на заразени лица од секое заболено лице под 1, по што е дозволено постепено продолжување на јавниот живот.



Слични Објави