| |

Ќучук за случајот со новинарот Христо Грозев: Имаме ли храброст да се спротивставиме на такво кршење на човековите права?

„Веста за потрагата по новинарот Христо Грозев од страна на Москва поставува низа прашања, кои директно и индиректно го засегаат целото наше општество.

Пред се, треба да се запрашаме за слободата на говорот и на национално и на глобално ниво.

Второ, каква е улогата на државата и обвинителството во ваква ситуација?“

Ова го прашува лидерот на европските либерали Илхан Ќучук во објава на својот Фејсбук профил.

„И најважното прашање за нас како народ е дали имаме храброст да се спротивставиме на таквото прекршување на човековите права и слободи и тоа гласно да му го соопштиме на светот?

За себе, го знам одговорот. Во најбрз можен рок ќе го поканам Христо Грозев на средба со европратениците од либералното семејство, како и на средба со раководството на Партијата АЛДЕ – Либерали и Демократи за Европа.

Цврсто сум убеден дека само со јасни пораки и силен европски и либерален глас можеме да ги замолчиме авторитарните начини на владеење!“, додава Ќучук.



Слични Објави