| |

Одбележуваме 19 години од нападот врз бугарската воена база во Кербала во кој загинаа петмина бугарски војници

На 27 декември се навршуваат 19 години од нападот со камион-бомба врз бугарската воена база „Индија“ во ирачкиот град Кербала. Во 2003 година, Бугарија учествуваше во Ирак со воен контингент за стабилизирање и обнова на земјата по соборувањето на диктаторот Садам Хусеин. 4 дена пред смената на контингентите, базата е нападната со камион цистерна кој ги пробил оградите и експлодирал. Загинаа пет војници. Над 20 се повредени.

Роднините на загинатите долго време ја критикуваат војската дека за нивната прва мисија во странство во 21 век биле испратени со старо и несоодветно оружје и опрема. Во декласифициран извештај пред 8 години се наведуваат слабости во зајакнувањето на базата и во координацијата со полската команда.

До 2008 година Бугарија учествуваше со 11 контингенти во Ирак со вкупен број од 3367 лица. Таму загинаа 13 бугарски војници.

Во обраќањето со сочувство до семејствата и роднините на починатите, вршителот на должноста министер за одбрана Димитар Стојанов, изрази почит за саможртвата на бугарските војници во Ирак – м-р Георги Качорин, постар поручник Николај Сарев и кандидатите за офицери Антон Петров, Марин Милев, Цветан Камов, Паун Георгиев, Иван Инџов, Свилен Киров, Димитар Димитров, Владимир Пашов, Г’рди Г’рдев, Преслав Стојанов и Валентин Донев.



Слични Објави