|

АЕЈ – Бугарија: Бугарските власти веднаш да се спротивстават на објавувањето потерница за новинарот Христо Грозев

Асоцијацијата на европските новинари (АЕЈ) – Бугарија, бара бугарските власти веднаш да реагираат на веста дека Христо Грозев, истражувачки новинар на веб-страницата „Белингкат“ (Bellingcat), е баран со потерница од руската влада.

Исто така, инсистираме бугарското обвинителство веднаш да достави ажурирани информации за развојот на сите истраги за откритијата на Белингкат, поточно за дејствијата на агентите на ГРУ на бугарска територија, обидот за убиство на бизнисменот Емилијан Гебрев, неговиот син и вработен во компанијата на Гебрев во 2015 година, се вели во ставот на АЕJ објавен денеска.

Од АЕЈ Бугарија бараат Министерството за надворешни работи на Бугарија да побара информација и да протестира против активностите пред рускиот амбасадор.

Вчера беше објавено дека руските власти објавиле федерална потерница за бугарскиот истражувачки новинар поради прекршување на член од Кривичниот законик на Русија. На Твитер тој коментираше дека не знае кои се причините за тоа.

Според извор на РИА Новости, станува збор за ширење лажни вести за руската армија.



Слични Објави