|

Издавачка куќа во Германија објави јубилеен зборник по повод 60-годишнината на бугарски научник

Издавачката куќа Мецлер-Шпрингер од Германија објави јубилеен зборник по повод 60-годишнината на проф. Иванка Рајнова. Ова го објави Институтот за филозофија и социологија при Бугарската академија на науките (ИФС-БАН) на својата веб-страница.

Зборникот „Säkularismus, Postsäkularismus und die Zukunft der Religionen“ е повеќеслојно систематско изстражување за улогата на религиозното размислување денес. Покренува прашања за врската меѓу филозофијата и религијата, односно теологијата, дали религиозната вера е само опција или подобро кажано длабока димензија на човековото постоење, дури и во една плуралистичка култура, до кој степен се компатибилни религиозните и либералните вредности. Две спротивставени дијагнози тензично ги поставуваат овие прашања – од една страна, тврдењето дека живееме во секуларна или пострелигиозна епоха, а од друга страна, претпоставката за „враќање на религиозното“ во постсекуларната епоха се забележува во претставувањето на зборникот.

Дебатите соодветствуваат со централните истражувачки прашања во работата на Иванка Рајнова, специјалист по феноменологија и религиозна филозофија, редовен професор по современа филозофија во Бугарската академија на науките, на која и е посветен овој јубилеен зборник, наведуваат од ИФС-БАН.

Иванка Рајнова е редовен професор и раководител на програмата „Современа филозофија“ во Институтот за филозофија и социологија на Бугарската академија на науките, како и претседател на Бугарската феноменолошка асоцијација и директор на Институтот за аксиолошки истражувања (Institut für Axiologische Forschungen) во Виена. Нејзини главни области на истражување, настава и интереси се феноменологија, херменевтика, аксиологија (теории и применети истражувања на вредностите), филозофија на религијата, филозофска и културна антропологија, родови студии, интеркултурна комуникација и преведувачки истражувања.

На крајот на 2021 г. Меѓународниот институт за херменевтика на проф. Иванка Рајнова и ја додели почесната титула Professor Honoris Causa „за исклучителна интелектуална острина и промоција на културата на размислување, генијалност и оригиналност“. Тогаш, покрај почесната титула, Рајнова ја доби и наградата Хермес за најдобра книга на годината за феноменолошка херменевтика за нејзината монографија „Sein, Sinn und Werte: Phänomenologische und hermeneutische Perspektiven des europäischen Denkens“.

Слични Објави