Којабашев: Иницијативата за референдум нема да биде пречка за исполнување на обврските што ги презеде Скопје

/

Заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Костадин Којабашев смета дека иницијативата за референдум во Северна Македонија против Договорот со Бугарија нема да претставува пречка во исполнувањето на обврските што ги презеде Скопје, бидејќи, како што вели тој, претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери ја отфрлил иницијативата како неуставна.

-Од оваа гледна точка, во моментов не сметаме дека ова прашање ќе биде актуелно, бидејќи политичките партии Левица и ВМРО-ДПМНЕ засега само ја оспоруваат оваа одлука на јавниот простор, но од правен аспект, тоа е сосема непоколебливо, изјави Којабашев, а пренесува БНР.

Министерството за надворешни работи на Бугарија информираше дека на 12 септември членовите од бугарската страна на Мешовитата историска комисија пред министерствата за образование и наука и за надворешни работи ги презентирале резултатите од работата на Комисијата во областа на образованието.



Како што пренесе БНР, Министерството соопштило дека се започнати подготовките за имплементација на договорите.

Извор: zoom.mk



Претходна статија

ЦУК: Успешно спасување на две туристки од Полска паднати во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“ преку 112

Следна статија

Изложба на уметници од Меѓународната уметничка колонија на Попова Шапка

Најново од Вести